За Соларпро Холдинг

Обновлива енергија достапна за сите

Соларпро Холдинг е присутен на македонскиот пазар од 2012 година, со изградба и дизајнирање на скоро половина од оперативен капацитет на соларни централи со кои располага нашата држава.

Компанијата работи на пазарот во Северна Македонија преку интегриран модел, кој вклучува свои извори на чиста енергија, трговија и снабдување со енергија на крајните клиенти, прогнозирање и балансирање на производството и потрошувачката на енергија и изградба на станици за полнење на електрични возила.

Компанијата е лидер во Источна Европа за развој и инсталација на фотоволтаични електрани за сопствена потрошувачка од страна на индустриски и комерцијални клиенти, воведувајќи он-лајн платформа за управување со енергијата.


Odoo • Text and Image