Соларпро Холдинг ќе ја гради најголемата соларна централа во државата со инсталиран капацитет од 50MWp
Соларпро Холдинг АД Софија е избрана за партнер за воспоставување на ЈПП (јавно приватно партнерство) за една од двете фотоволтаични централи на локацијата на стариот рудник во РЕК Осломеј. Фотоволтаичната централа ќе има инсталирана моќност до 50 MWp. Изборот е направен по електронската аукција на 16.04.2021 година, во конкурентна постапка во која учествуваа пет меѓународни компании.
Како главен изведувач и давател на градежни услуги, групацијата Соларпро Холдинг е глобален играч со над 3000 МWp инсталиран капацитет фотоволтаични проекти, кои до денес се завршени на пет континенти. Групата вработува на полно работно време над 1000 високо квалификувани вработени. Особено силно е присуството со градежни услуги на некои од клучните пазари на ЕУ - Холандија, Германија, Франција и Португалија.


Изградба на фотоволтаична централа Манстирец од 10MWp
По учеството во тендерската постапка на Министерството за економија на Република Северна Македонија, Соларпо Холдинг АД, го доби правото на изградба на ПВ Соларна централа со капацитет од 10 MW на државно земјиште во регионот на Маденоски Брод. Инвестицијата ќе се реализира во рок од половина година по обезбедување на потребната дозвола за градба и приклучување на дистрибутивната мрежа. Енергијата од Соларната централа ќе се продава во целост на слободниот пазар без никакви субвенции.
Компанијата работи на пазарот во Северна Македонија преку интегриран модел, кој вклучува свои извори на чиста енергија, трговија и снабдување со енергија на крајните клиенти, прогнозирање и балансирање на производството и потрошувачката на енергија и изградба на станици за полнење на електрични возила.
Останати Фотонапонски Проекти
Агрогруп
Капацитет: 1 MWp
Датум: 11.2019
Торпедо Солар
Капацитет: 1 MWp
Датум: 12.2012
Лисолај
Капацитет: 1 MWp
Датум: 04.2014
Грин Солар
Капацитет: 0.7 MWp
Датум: 09.2018
Охрид
Капацитет: 0.4 MWp
Датум: 11.2014
ЏСП Актуел
Капацитет: 0.11 MWp
Датум: 12.2019
Осогово Милк
Капацитет: 0.1 MWp
Датум: 03.2019