Можностите кои ги нуди слободниот пазар

Сигурност на испораката без скриени трошци.

Промена на снабдувач

За промена на снабдувач не е потребна никаква замена на броила или поставување на нови кабли. Се се одвива преку постоечката инсталација без потреба од техничка интервенција.

Испорака на електрична енергија

За испорака на електричната енергија одговорни се МЕПСО (Македонски Електропреносен Систем Оператор) и ОДС (Оператор на Дистрибутивен Систем), при што сите снабдувачи имаат еднаков третман без никаква фаворизација.

Фактурирање

Фактурирањето се врши еднаш месечно при што секој клиент добива две фактури. Едната е фактурата за мрежарина и ја испорачува операторот на мрежата, а другата е фактурата за искористена електрична енергија од снабдувачот во која влегуваат и сите трошоци кон МЕПСО.

Дополнителни можности кои ги нудиме

Инсталација на фотоволтаичен систем и полначи за електрични возила.

Изградба на фотоволтаичен систем

Бидете меѓу првите компании во Македонија кои што придонесуваат за почиста животна средина со инсталација на фотоволтаичен систем за сопствени потреби.

Откуп на вишок произведена енергија

Соларпро Холдинг групацијата е лидер во регионот во производство и балансирање на енергија од обновливи извори. Покрај снабдување Соларпро Холдинг врши откуп на вишокот енергија произведена од фотоволтаичниот систем.

Електрични возила

Покрај инсталирање на фотоволтаичен систем нудиме и можност за набавка на електрично возило како и монтажа и одржување на полначот за истото.